СТУДЕН БРАН ОД СЕВЕР ЌЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА – СЕ ОЧЕКУВА ПОЈАВА НА МРАЗ!
Под влијание на СТУДЕНА воздушна маса од север, следува ЗАСИЛЕН ветер од северен правец, кој ќе биде наизразен оваа ноќ и во текот на утрешниот ден, особено Долж Повардарието каде повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час.
Облачноста и тоа особено утре попладне ќе се намалува, со што следува ГОЛЕМО РАЗВЕДРУВАЊЕ на времето, па затоа и температурите на повеќе места во понеделник наутро ќе се спуштат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 1 степен. Ќе има појава на слаб до умерен мраз.
Посвеж ден очекуваме утре кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени во најтоплите југоисточни предели. Потоа температурите ќе бележат тенденција на пораст и ќе бидат релативно ПРОЛЕТНИ.
Нов влажен воздушен бран од запад, пад на температурите и врнежи од дожд и снег на планините ќе има веќе во среда.
Во Скопје исто така во текот на претстојната ноќ, како и утре ќе дува ЗАСИЛЕН северен ветер. Поради разведрувањето во понеделник наутро ќе има појава на слаб до умерен мраз, кога минималната температура ќе се спушти до околу -4 степени. Максималните температури во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 13 и 16 степени. Пониска максимална температура се очекува утре, и тоа до околу 10 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by