СТУД И СНЕЖНО НЕВРЕМЕ: Централна и северна Европа се зафатени од голем студ и обилни снежни врнежи – Температурите се спуштаат и до -10, а на Алпите и под -15 степени
Централна и северна Европа од денес се зафатени од голем студ, но и на многу места има обилни снежни врнежи. Во делови од централна Европа се очекува да наврнат и до 30 cм снег, додека во Алпскиот регион и до половина метар снег, па дури и повеќе.
Температурите во овие делови се спуштаат и до -10 степени, додека во Алпскиот регион и под -15 степени.
Погледнете какви температури се мерат низ Европа ова утро, мапата ја објави познатиот Хрватски метеоролог Дино Дундиќ на неговата популарна фан фејсбук страница
&;
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во Македонија попладнево имаме изразена температура инверзија, односно котлините се под густа магла и ниска облачност, каде е многу ладно со минусни температури, додека на планините и на Скијачките центри може да се каже дека е пролет каде има и многу сонце со температури до околу, па дури и над 10 степени. На картата од Neverin.hr може да се [...]