Страшно невреме во Словенија одзема човечки животи! Истото невреме доаѓа во Македонија – Можни се штети и поплави!

објавено на:

05 Авг 2023

од:

сподели:

Страшното невреме во Словенија, и катастрофалните поплави со себе однесоа неколку човечки животи.

Невремето забрзано се шири низ целиот балкан, а денес во попладневните часови и во текот на ноќта ќе ја зафаќа Македонија и тоа почувајќи од западните предели. Во најголем дел од државава ќе има интензивни поројни врнежи од дожд, силен ветер, силни електрични празнења, како и појава на град кој локално би можел да биде и крупен.

Оваа голема нестабилност, поврзана со студен фронт од север, како и со Џеновскиот циклон од денес навечер од запад ќе се поместува кон исток од Македонија, и најсилна ќе биде во централните предели од државава. Можни се штети поради очекуваното невреме и во Македонија, како и локални поројни поплави.

И според нашата алатка за рано предупредување на невреме “NOTHAS”, се очекува големо невреме на повеќе места низ Македонија, и истата проценува ниво 3 за денес попладне и навечер (тоа значи засилен развој на грмотевични облаци и временски непогоди).

Апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни, но и да не излегуваат од своите домови додека трае невремето.

Од утре, под влијание на значително посвеж воздух од север, температурите ќе опаднат за околу 10 степени, а во северните предели и за повеќе од 10 степени. Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од западен и од северозападен правец. Утре исто така сеуште ќе има локални врнежи од дожд и грмежи, а потоа следува период на стабилно и суво време, со значително свежи утра.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.