СТАБИЛНО, СУВО И СОНЧЕВО ВРЕМЕ – ОД ПЕТОК ТЕМПЕРАТУРИ ДУРИ ДО ОКОЛУ 20 СТЕПЕНИ!
Под влијание на висок воздушен притисок, до самиот крај на оваа недела времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и претежно сончево. Ќе биде и се потопло со се повисоки минимални и максимални температури на воздухот.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец.
Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.
Уште повисоки температури преку ден (ЗНАЧИТЕЛНО НАД ПРОСЕКОТ ЗА ОВОЈ ПЕРИОД ОД ГОДИНАТА) се очекуваат во петок, како и за време на викендот кога ќе се искачуваат во интервалот дури од 11 до 19 степени. Истите ќе бидат ПРОЛЕТНИ и ќе условат забрзано ТОПЕЊЕ на снежната покривка на планините и на Скијачките центри.
Во Скопје и околината ќе продолжи стабилното, суво и сончево време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -3 и 1 степен, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 11 и 16 степени, и истите ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ за овој период од годината.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро (Велика сабота 19 април) во Македонија ни донесе сончево време со релативно високи температури на воздухот, а такво време не очекува целиот овој празничен викенд. На табелата можете да ги погледнете денешните минимални температури измерени по градови и места во нашата Република Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.