СПРЕМНИ ЗА ВИСТИНСКИ ПРОЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ? ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО ВЕЛИ НАЈНОВОТО АНАЛИЗИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО…
Под влијание на нов влажен но потопол бран од Медитеранот, вечерва и во текот на ноќта ќе има нови врнежи од дожд кој во западните предели ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (локално над 20 л/м2). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец ( повремено со брзина од над 60 км/час).
Ветерот ќе продолжи се до сабота и повремено повторно ќе биде засилен на интензитет и од јужен и југозападен правец. Утре во западните предели сеуште ќе има слаб локален дожд, додека во петок ќе биде претежно стабилно и суво а нови врнежи од дожд ќе има во сабота.
Поради СИЛНОТО јужно и југозападно воздушно струење од Сахара кон нашата држава во следните неколку денови ќе се врши транспорт на прашина и песок, додека температурите ќе бидат НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ за овој дел од годината и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени. Пад на температурите на воздухот ќе има повторно од недела, но детална анализа околу ова следува овие денови.
Во Скопје и околината температурите во следните денови ќе бидат НАТПРОСЕЧНО високи и ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 10 до 14 степени. Времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд оваа ноќ, како и во сабота. Ќе дува југоисточен ветер кој повремено ќе биде засилен на интензитет.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Како што претходно најавив, пред нас е ладна ноќ, а и утрешното утре (петок 21 март) ќе биде ладно со појава на умерено до јаки мразеви, и со температури кои буквално насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата. Времето ќе биде целосно ведро и без облачност, како и претежно тивко. Н следната метеоролошка карта можете да ги погледнете [...]