СПОРЕД НАЈНОВИТЕ НАПРАВЕНИ АНАЛИЗИ ПОГЛЕДНЕТЕ КОЛКАВА СНЕЖНА ПОКРИВКА СЕ ОЧЕКУВА ВО ВАШЕТО НАСЕЛЕНО МЕСТО ОД УТРЕ!

објавено на:

26 Ное 2022

од:

сподели:

Под влијание на влажен и МНОГУ ПОСТУДЕН воздух од север, како што најавивме ќе го донесе првиот снег и на пониските места и тоа особено утре и во понеделник, особено во западните предели каде се очекува на повисоките места и на планините формирање на снежна покривка од над 15 цм, додека во населените места (градовите) понекаде ќе се формира снежна покривка од 5 до 10 цм.

Температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 9 степени во најтоплите централни и југоисточни предели од државава. Минималните температури пак ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени.

Во Скопскиот регион се очекува снег само на поголема надморска височина, односно особено на околните планините.

НАПОМЕНА: Во некои пониски места (градови) и тоа особено во централните и југоисточните предели ќе врне дожд. Потоа во текот на следната седмица очекуваме ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО време и барем одсега гледано ќе има нови врнежи, но сепак детали околу ова овие денови.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости