Спарно и многу мачно време имаме во нашата Македонија!
Денешниот ден (четврток 21 август) во нашата Република Македонија беше многу топол, мачен и спарен и тоа поради влијанието на топлата воздушна маса од југ, односно од Африка и поради транспортот на прашина и на песок од Сахара кон нашата Македонија. Температурите се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените, и тоа поради спарното и мачно време.
Најтопло денес беше во Скопје Петровец со измерени 37 степени.

На метеоролошката карта можете да ги видите денешните максимални температури измерени во нашата Македонија. Може да се види дека денешните температури насекаде надминаа 30 степени, со исклучок на повисоките и на планинските места. Повремено денес дуваше и засилен ветер од западен и од југозападен правец.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Вторник 19 Мај 2026 во Македонија ни донесе тмурно, облачно и посвежо време на повеќето месата со температури кои се под просекот за месец Мај. Во западните и во југозападните предели уште од утрово имаше локални врнежи од дожд. Најмногу дожд во изминатите 24 часа до 8 часот утрово наврна во Охрид и тоа 4 литри на [...]


by