СОСТОЈБАТА СО ВРЕМЕТО НИЗ ЦЕЛИОТ ЕВРОПСКИ КОНТИНЕНТ – КАЈ НАС НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО, НО НЕ И ВО ДРУГИТЕ ДЕЛОВИ ОД ЕВРОПА, ОВА СЕ ДЕТАЛИТЕ…

објавено на:

07 Мар 2023

од:

сподели:

Под влијание на ТОПЛА воздушна маса од југ во периодот кој што ни следува времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет.

Во петок и во недела ќе има повремени врнежи од дожд, кој особено во недела ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и проследени со умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец. Ќе има услови и за ретка појава на грмежи.

Наутро температурите ќе бидат во пораст и над нулата.  Натпросечно високи ќе бидат и максималните дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени. Во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачи до 20 степени.

Во Скопје и околината продолжува натпросечното топло време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Наутро температурите ќе бидат претежно над нулата, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 16 и 18 степени.

Натпросечно топло е во цела југоисточна Европа, додека во северните, северозападните и североисточните предели од континентот температурите се под просечкот за овој период од годината и има снег и мраз.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости

  • 24 Мар 2025

    Во изминатите 24 часа речиси насекаде во Македонија имаше врнежи од дожд со променлив интензитет, што значи дека повремено врнежите беа пообилни. Најмногу дожд во последните 24 часта, односно до 7 часот утринава наврнаа во Лазарополе, и тоа 29 литри на метар квадратен дожд. На табелата можете да ги погледнете измерените минимални температури во текот на денешното утро, односно [...]