СО ОВАА МЕТЕО ОБЈАВА ЈА ЗАОКРУЖУВАМЕ ОВАА ИЗМИНАТА 2023 ГОДИНА: Новата 2024 година ќе ја дочекаме со густа магла!
За време на претстојната новогодишна ноќ во котлините, особено оние кои се наоѓаат Долж Повардарието, и во Пелагонија, вклучувајќи ја секако и Скопската котлина повторно ќе има формирање на густа магла и на ниска облачност, со што и воздухот ќе биде многу загаден.
Температурите за време на новогодишната ноќ нема да бидат многу ниски и на повеќе места ќе се спуштаат до околу нулата, понекаде и за некој степен над нулата. За неколку степени под нулата температурите ќе се спуштаат само на повисоките и на планинските места.
На првиот ден од новата 2024 година ќе имаме стабилно, суво и променливо облачно време со сончеви периоди. Во западните предели ќе започне да дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, додека по котлините, особено оние кои се наоѓаат Долж Повардарието и во Пелагонија, секако вклучувајќи ја и Скопската котлина ќе има густа магла и ниска облачност, но во текот на денот таа ќе се намали.
Температурите на првиот ден од новата 2024 година ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени, во Скопје температурата ќе се искачи до околу 7 степени.
Оваа воедно е и последната метео објава за оваа година од наша страна. Ви посакуваме среќна и бериќетна нова 2024 година, со желба за многу здравје, среќа, лубов и бериќет во секој дом! Со нови анализи се слушаме во 2024 година, која веруваме ќе биде многу подобра и поуспешна за сите нас.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
За време на викендот поради продор на постуден воздушен бран, ќе имаме позначително опаѓање на температурите и истите ќе бидат потпросечни за овој период од годината. Исто така, ќе има и зголемена облачност со повремени локални врнежи од дожд. Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени, додека максималните дневни [...]