Со големото затоплување, прерано започнаа и пожарите на отворено во Македонија!
Со зголемените температури изминативе неколку дена, забележан е и зголемен број на противпожарни интервенции. Само за време на изминатиот викенд беа евидентирани 60 пожари на отворен простор, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
– ЦУК апелира на внимателност при движење на отворен простор, а особено апелираме до сите земјоделци да не ги палат стрништата, а сточарите, пасиштата – наведуваат од Центарот.
Оттаму потенцираат дека доколку граѓаните забележат пожар, но и други итни ситуации што претставуваат опасност по животот и здравјето како и материјалните и природните добра, да пријават на единствениот број за итни случаи – 112 во ЦУК.
Изминатите 24 часа на 112 биле регистрирани вкупно 2.007 повици. Од нив, како „реални“ повици се категоризирани 1.178, а останатите биле за други потреби на граѓаните.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден (Сабота 15 ноември) во нашата Република Македонија помина во знакот на натпросечно топло време за овој период од годината и со стабилно, суво и претежно сончево време со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец. Нашата Македонија е под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) кој од југ и југозапад продира кон нашиот дел од [...]


by