СНЕЖНА ПОКРИВКА НА ПЛАНИНИТЕ НАД 1700 М.Н.В – ДОЗНАЈТЕ ШТО НЕ ЧЕКА ОД ВРЕМЕТО ВО ДЕНОВИТЕ КОИ СЕ ПРЕД НАС…
Денес планините во западните предели како што и беше најавено од наша страна, се најдоа под СНЕЖНА ПОКРИВКА. Снежната граница како што и прогнозиравме се спушти на 1700 м.н.в.
На следната карта можете да ги погледнете денешните максимални дневни температури измерени низ Македонија:
Според картата НАЈСТУДЕНО денес беше во Охрид, Битола, Велес и во Берово каде температурата се оскачи само на 10 степени. НАЈТОПЛО пак беше во Скопје и во Кавадарци каде температурата се искачи до 15 степени.
Утре наутро сеуште во западните предели ќе има услови за послаби локални врнежи од дожд, додека на планините ќе провејува снег. Потоа следува период на стабилно и суво време. Наутро температурите ќе бидат ПОНИСКИ и ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 6 степени, додека максималните дневни ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени.
Сепак наутро и повторно во ноќните часови по котлините ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност. Локално маглата би можела да биде и ГУСТА.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Снежниот бран во Македонија ќе продолжи и во текот на претстојната ноќ, како и утре (понеделник). Но, до 16 часот од градовите највисока снежна покривка има во Штип, и тоа 30 сантиметри, додека од Скијачките центри скоро 70 сантиметри снег има на Попова Шапка. Температурите денес речиси насекаде се задржаа под нулата, а на планинските и Скијачките центри максималните [...]