СНЕЖНА ПОКРИВКА ДО САБОТА (06ч) – СНЕГ ВО ГОЛЕМ ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА! ❄️
❄️ До сабота наутро (06:00ч), според ECMWF HRES 0.1, се очекува изразена зимска ситуација со врнежи од снег и формирање снежна покривка во голем дел од Македонија. Најголема снежна покривка се очекува во западните, северозападните и северните предели, како и на планините, но снег и снежна покривка се очекува и во повеќе градови и низински места.
Во градовите и низините најчесто се очекува снежна покривка од околу 5 до 15cm, а локално каде што врнежите ќе бидат поинтензивни можно е да се формира и до околу 20cm. Во повисоките населени места се очекува 15 до 30cm, додека на планините снежната покривка ќе биде значително поголема и ќе достигнува 30 до 60cm, а локално и над 70cm.
Дополнително, ќе дува умерен до засилен северен и североисточен ветер, кој локално може да создава наноси, како и намалена видливост, особено на отворени предели и планински превои. Поради ова, се препорачува внимателност во сообраќајот, особено во утринските часови.
За Скопје се очекува снег со реална можност за снежна покривка, најчесто од 5 до 15cm, а локално и до околу 20cm
📌 Следете нови ажурирања, бидејќи разликите по региони и градови ќе бидат големи! ❄️
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by