СНЕЖНА АРКТИЧКА БОМБА МУ СЕ ЗАКАНУВА НА БАЛКАНОТ И НА МАКЕДОНИЈА: Се поголеми се шансите за многу снег од петок!

објавено на:

20 Ное 2023

од:

сподели:

Овој пат ќе се посветиме на она што не очекува според најновите ажурирања на метеоролошките модели, а тоа е дека од петок Балканот ќе биде погоден од снежна бомба и многу длабок циклон кој со продорот на студениот воздух од север ќе се формира над Јадранот (во центарот на овој циклон воздушниот притисок ќе биде неверојатно низок за нашите краишта, и тоа дури 978 htp – хехтопаскали во превод.

Со ова во целиот регион, како и во Македонија ќе има обилни врнежи од снег, како на повисоките места и на планините, така и на пониските места (градовите), и ќе владее прекрасна снежна бајка. Сето ова ќе биде проследено со силен ветер од северен правец и голем пад на температурите на воздухот.

Викендот кој доаѓа ќе биде многу студен и снежен.

НАПОМЕНА: Промена на метеоролошките модели сеуште се можни, па затоа ги советуваме граѓаните да ги следат следните наши анализи. Се на се, се повеќе и повеќе растат шансите од петок Балканот и Македонија да бидат зафатени од снежна бомба од Арктикот (Снежен циклон).

Од оваа Акртичка бомба ќе биде зафатена цела европа.

На официјалниот  фејсбук профил на Славчо Попоски ќе бидат поставени метеоролошки карти на кој ќе може да се види длабокиот циклон кој по се изгледа ќе ни донесе обилни врнежи од снег од петок, а ова е само почеток, зимата сеуште не ни започнала.

 

 

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.