Снежен циклон ја зафаќа Македонија, до вечерва снег на многу места кај нас!
Започна продорот на многу ладен воздух директно од Сибир во нашата Република Македонија. Токму ова веќе условува формирање на секундарен снежен циклон и нагло и значително опаѓање на температурите, дури и за 10 до 15 степени пониски температури ќе имаме до вечерва во однос на оние кои ги имавме до вчера (сабота 5 април).
Во следните часови од север врнежите ќе се прошират насекаде во Македонија и повремено ќе бидат обилни и од снег најпрвин на повисоките населени места, планините и секако на Скијачките центри. Во текот на доцните попладневни часови од денешниот ден (недела 6 април) и вечерва врнежи од снег ќе има и во повеќето пониски места (градови).
Сето ова ќе биде проследено и со повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 65 км/час). На планините и на Скијачките центри ќе се формира снежна покривка од 10 до 20 cм, а во овие делови снежната покривка понекаде ќе биде и со висина близу, па дури и над 30 cм снег. Во градовите пак, особено во западната половина од нашата Македонија ќе се формира снежна покривка со висина од 5 до 10 cм, понекаде таа ќе биде и малку повисока.
Во останатите делови од Македонија снежната покривка ќе биде делумна и многу мала, а во Повардарието и во југоисточните предели таа речиси и нема да ја има.
Што се однесува до Скопскиот регион, со овој ладен воздух од Сибир врнежи од снег ќе има особено на околните планини а потоа и во повисоките предели од котлината. Не се исклучува можноста слабо провејување на снег да има и во делови од пониските предели од котлината. И во Скопје и околината повремено ќе дува силен ветер од северен правец (во делови од котлината со брзина од над 60 км/час).
Ги советувам возачите, доколку патуваат низ планинските превои да бидат крајно внимателни, поради очекуваните обилни снежни врнежи и појавата на голомразица поради ниските температури на воздухот. Исто така, поради силниот северен ветер можна е појава и на снежни наноси.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во изминатите 24 часа во Македонија имавме многу нестабилна Атмосфера, и тоа поради притката фронтална долина која е распространета во југоисточна Европа, секако и во нашата Република Македонија. На повеќе места се забележаа поројни врнежи од дожд, грмежи како и засилен ветер. Процесите локално беа и поинтензивни во форма на невреме. На табелата можете да ги видете денешните измерени [...]