СНЕЖЕН БРАН ВО ЗАПАДНИТЕ И ВО СЕВЕРОЗАПАДНИТЕ ПРЕДЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА: На Скијачките центри речиси 60 сантиметри снег!
Денешното утро и ова претпладне западните и северозападните предели од Македонија беа зафатени од ладен и снежен бран кој услови снежни врнежи на повеќе места, и тоа од пообилен карактер, а снег паѓаше и во делови од градовите во овој дел од Македонија, па така од градовите има 2 сантиметри снег во Тетово.
Што се однесува до повисоките и планинските места, како и на Скијачките центри снежната покривка значително се зголеми, па така на Скијачките центри Попова Шапка и Маврово има од 50 до 60 сантиметри снег.

На табелата можете да ги погледнете денешните минимални температури измерени по градови и места во Македонија до 7 часот утринава, и тоа на мерните станици на УХМР.
Во последните 24 часа најмногу воден талог пак наврна во Маврово, и тоа 18 литри на метар квадратен.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Она што е најново на прогностичките материјали е тоа дека од 13 Јуни 2026 на Балканот и во Македонија е на повидок голема температурна аномалија и голем пад на температурите, невообичаен за месец јуни. Покрај ова би имале и пообилни врнежи и типично есеонско време во јуни, кога веќе е започнато и климатолошкото лето.
Балкан / Занимливости / Македонија / Прогноза


by