Снег речиси има насекаде во Македонија, на Скијачките центри над половина метар – Обилните врнежи ќе продолжат!
Ова утро и претпладне во најголем дел од Македонија започна снежното невреме кое го најавив, а во повеќето градови е формирана и снежна поркивка, над половина метар снег пак има на Попова Шапка а близу 40 сантиметри снежна покривка има во Маврово.
Најниска температура утринава до 7 часот е измерена на Попова Шапка, и тоа -9 степени, а и во останатите градови и места веќе имаме минусни температури.

На табелата можете да ги погледнете измерените температури во Македонија по градови и места до 7 часот утринава, и тоа на мерните станици на УХМР. Исто така можете да ја погледнете и висината на снежната покривка во градовите до 7 часот утринава.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во Македонија имаме ладно време со температури кои во најголем дел се под нулата и има појава на слана и на мраз. Времето е претежно ведро со мала локална облачност а дува и слаб до умерен ветер претежно од источен правец. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени вечерва до 21 часот во Македонија.


by