СНЕГ ОД 50 САНТИМЕТРИ ПА ДО ЕДЕН МЕТАР: Многу наскоро Македонија ја зафаќа снежно невреме!

Од овој викенд, како и во почетокот на следната недела, територијата на целата наша Македонија ќе биде зфатена од голем влажен и ладен воздушен бран од север. Во ваква ситуација ќе имаме обилни врнежи кои проследени со засилен северен ветер кој ќе услови големо заладување на времето, ќе преминуваат во снег насекаде во Македонија.

Насекаде ќе се формира снежна покривка, на повеќе места позначителна и тоа со висина од 10 до 20 сантиметри, локално и до, па  и над 30 сантиметри (во градовите), а на планините како и на Скијачките центри постојаната снежна покривка значително ќе се зголеми,  и тоа за над 50 сантиметри, па дури и за околу еден метар.

Со овој снежен и ладен бран од север, конечно снежна покривка ќе добие  и Скопската котлина и секако околината. Во Скопје се очекува снежна покривка од 10 до 15 сантиметри, а во околината, како и на околните планини таа ќе биде значително повисока.

Овој бран кој ќе ја зафати Македонија, ќе биде доста изразен и во вид на снежно невреме, а поради појавата на засилен северен ветер ќе има појава на снежни наноси.

Што се однесува до температурите, тие наутро речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, а и максималните дневни на многу места во Македонија ќе останат до околу, па и под нулата, а само во југоисточните предели тие ќе се искачуваат само за неколку степени над нулата.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ВОЗАЧИТЕ ДОКОЛКУ ПЛАНИРААТ ДА ПАТУВААТ ЗА ВРЕМЕ НА ОВОЈ ВИКЕНД: Поради очекуваните обилни снежни врнежи, особено од ноќта сабота кон недела, како и во недела препорачуваме возачите да бидат крајно внимателни доколку патуваат низ планинските превои, а поради ниските температури ќе има и појава на голомразица. Секако, доколку немате потреба или не е хитно, овој викенд без потреба не патувајте низ планинските превои, поради тоа што ќе се формира нова  и голема снежна покривка.







Занимливости