СНЕГ ОД 10 ДО 20 ЦМ НАВРНА НА ПОПОВА ШАПКА – ЛОКАЛНО СЛЕДУВА УТРИНСКИ МРАЗ И НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ! СЛЕДНАТА СЕДМИЦА НОВИ ДОЖДОВИ И СНЕГОВИ!
Во текот на изминатата ноќ и рано претпладнето од денешниот ден нашата територија беше под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север. Насекаде имаше врнежи од дожд, додека поради падот на температурите, на планинскитеместа во западните и во северозападните предели врнежите од дожд преминаа во врнежи од снег, со што дојде до формирање на нова снежна покривка.
Најмногу снег од планините наврна на Скијачкиот центар Попова Шапка (од 10 до 20 цм).
Следните утра во Македонија и тоа поради разведрувањето ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНИ, па така на повеќе места температурите ќе се спуштаат близу 0 степени, особено на повисоките места и на планините и под нулата, со што очекуваме појава на МРАЗ.
Максималните дневни температури пак особено за време на викендот ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ и тоа поради продор на потопла воздушна маса од југ. Истите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 17 и 25 степени. Меѓутоа за време на викендот, како и за први и втори мај во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилувањље на ветер.
РАНА И НЕОФИЦИЈАЛНА НАЈАВА: Според сегашните анализи, следната седмица очекуваме ново ЗАЛАДУВ АЊЕ на времето, ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд како и нов снег на планините, со што првата седмица од мај месец повторно очекуваме потпросечни температури на воздухот, односно ќе биде ПОСТУДЕНО од вообичаеното.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Ова утро во Македонија времето е ведро и особено студено, по одделни котлини и речни долини има појава на магла и на ниска облачност, која во текот на денот ќе се расчисти. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со измерени -8 степени. Инаку, во најголем дел од Македонија утринава температурите се спуштија под нулата. На картата можете [...]