СНЕГ НИ НА ПОВИДОК – ВО БЛИСКА ИДНИНА СНЕГ НЕМА ДА ДОБИЈАТ И СКИЈАЧКИТЕ ЦЕНТРИ! ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ МЕТЕО ДЕТАЛИ…
Продолжува ДОЛГИОТ период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко.
По котлините и тоа особено во ноќните, утринските и во претпладневните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност, со што и температурите преку ден ќе останат пониски.
Како минималните, така и максималните дневни температури во следните денови ќе бележат тенденција на пораст и ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ, односно максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени.
И во Скопје продолжува стабилното и суво време. Особено во ноќните, утринските и во претпладневните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 6 и 10 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Снежниот бран во Македонија ќе продолжи и во текот на претстојната ноќ, како и утре (понеделник). Но, до 16 часот од градовите највисока снежна покривка има во Штип, и тоа 30 сантиметри, додека од Скијачките центри скоро 70 сантиметри снег има на Попова Шапка. Температурите денес речиси насекаде се задржаа под нулата, а на планинските и Скијачките центри максималните [...]