Следуваат врнежи од дожд, снег, северен ветер и проширување на снежната покривка во нашата Македонија!
Од денес (17 февруари понеделник) до среда (19 февруари) особено во претпладневните часови под влијание на влажен и ладен воздушен бран од север на повеќе места низ нашата Република Македонија ќе има повремени врнежи со слаб до умерен, локално и со умерен интензитет и ќе бидат најпрвин од дожд во градовите, додека на повисоките населени места, планините, и секако, на Скијачките центри ќе врне снег, каде снежната покривка ќе се зголеми и прошири.
Врнежите од дожд, полека ќе преминуваат во слаби врнежи од снег и во дел од градовите, особено во западните и во северните предели од нашата Република Македонија. Сето ова ќе биде проследено со северен ветер, кој повремено ќе засилува на интензитет, особено во Повардарието.
Во Скопје со овој ладен и влажен бран од север ќе има повремени послаби врнежи од дожд, додека на околните планини, а потоа и во повисоките предели од котлината ќе има слаби врнежи од снег. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец.
Минималните утрински температури до среда ќе се искачуваат во интервалот од -4 до 3/4 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 7 степени. Во Скопје температурата ќе се искачува до околу 5 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Облачно со релативно високи температурите е денешното утро во нашата Македонија а локално се бележат и послаби врнежи од дожд а само на високите планини во западните предели провејува снег. Најмногу дожд до 3 часот утрово има наврнато во Гевгелија и тоа 15 литри дожд. На првата метеоролошка карта можете да ги видите температурите измерени во овие утрински часови [...]


by