Следуваат врнежи, грмежи и невреме, утрешната ноќ ни носи големо заладување и снег!
Денес (недела 16 март) и утре (понеделник 17 март) под влијание на висински циклонски систем западно од нас, во нашата Република Македонија ќе има локални врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи и силен ветер од западен правец. Локално се можни поинтензивни Атмосферски процеси во форма на невреме.
И во Скопскиот регион ќе има локален пороен дожд, проследен со грмежи и силен ветер.
Веќе утре (понеделник 17 март) навечер, како и ноќта кон вторник, како и во вторник (18 март) поради продор на многу ладен бран од север ќе дува силен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурите за околу, па дури и за повеќе од 20 степени во споредба со сегашните. Врнежите, најпрвин на планините и на повисоките населени места, а потоа и во градовите, особено во западната половина од нашата Македонија ќе преминат во снег и ќе се формира снежна покривка.
И во Скопскиот регион, особено на околните планини, но и во делови од котлината врнежите кои ги очекувам, ноќта кон вторник (18 март) ќе преминат во послаби врнежи од снег. Ќе дува засилен, до повремено силен ветер од северен правец и истиот ќе услови нагло и големо заладување на времето.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by