СЛЕДУВААТ НОВИ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ, ОПАСНОСТ ОД НОВИ ПОПЛАВИ И ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР!
Во следните часови, како и утре на повеќе места низ Македонија ќе има ИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер. Ова е поради влијанието на циклонот од запад.
Локално се очекува да наврне ГОЛЕМО количество на воден талог (дури над 25 л/м2 за 24 часа). Можни се нови локални ПОПЛАВИ.
Поради интензивните врнежи, можно е излевање на некои од помалите реки низ Македонија, и истите би можело да создаваат проблеми во населените места. За време на викендот пак врнежите ќе бидат локални и послаби, а ќе дува и ЗАСИЛЕН ветер од северен правец.
Во Скопје и околината исто така очекуваме ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи.
Од понеделник КОНЕЧНО можеме да очекуваме и постабилно време, со повеќе сонце. Исто така следната седмица територијата на Македонија, како и целиот регион ќе биде под влијание на првиот ПОИЗРАЗЕН ТОПЛОТЕН Африкански бран, што значи ќе имаме ВИСТИНСКО ЛЕТО и ГОЛЕМ ПОРАСТ на температурите (над 30 степени на повеќе места).
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by