СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛИ И СТАБИЛНИ ДЕНОВИ – НОВИ ИНТЕНЗИВНИ ДОЖДОВИ, СНЕГОВИ И ВЕТЕР ОД ПОНЕДЕЛНИК!
Утринава во Македонија беа измерени навистина невообичаено НИСКИ температури на воздухот, и тоа невообичаено ниски за крај на месец март.
Најстудено како што и беше најавено беше на високите северозападни планински предели, па така на Попова Шапка беа измерени дури -10 степени, потоа -7 во Претор, -6 степени во Маврово, -3 степени во Охрид и во Битола и најтопло беше во Гевгелија и тоа 4 степени.
Во Скопје беа измерени 2 степени.
На повеќе места е забележан умерен до ЗАСИЛЕН мраз, а сето ова МНОГУ ЛОШО ќе влијае врз овошките.
Потоа во следните неколку денови ќе имаме ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ како на минималните утрински, така и на максималните дневни температури на воздухот. Истите преку ден речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат и над 20 степени.
До петок времето ќе биде стабилно и со многу повеќе сонце, додека за време на викендот ќе има повеќе облаци и ќе има појава на повремен локален дожд. Ќе дува ветер од југозападен правец и истиот повремено ќе биде ЗАСИЛЕН на интензитет.
Под влијание на ГОЛЕМ но и ПОСТУДЕН воздушен бран, во понеделник ќе имаме ИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд, снег и северен ветер, но и нов ПАД на температурите. Детали околу ова следуваат овие денови, кога состојбата ќе биде многу појасна.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во нашата Република Македонија имаме многу ладно и променливо облачно време, а полека започнува да дува и засилен ветер од северен правец. Поради понатамошно спуштање на многу ладен воздух од североисток, поточно од Русија, температурите понатаму ќе продолжат дополнително да опаѓаат. На табелата можете да ги погледнете температурите низ Македонија измерени вечерва до 19 часот по градови и [...]