СЛЕДУВА ВРНЕЖЛИВ И ПОСВЕЖ ПОЧЕТОК НА МАЈ!
Во текот на оваа недела времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИНИ и проследени со појава на ретки грмежи.
Повремено на највисоките планински врвови на запад и на северозапад ќе провејува и СНЕГ, а температурите повторно ќе бележат тенденција на опаѓање и ќе бидат под просекот за овој период од годината. Во следните неколку денови ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Во текот на следниот период локално ќе наврнат и над 20 л/м2 воден талог, особено во југоисточните предели од Македонија.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 18 степени, додека повремено во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачува и малку над 20 степени.
Во Скопје и околината се очекува слично време, со појава на повремен локален дожд и умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се искачува до околу 20 степени.
НАПОМЕНА: Во текот на следните неколку денови, температурите и понатаму ќе бидат под просекот за овој период од годината, односно ќе биде посвежо од вообичаеното. На долготрајна стабилизација на времето, но и на вистинска пролет која би потрајала подолго не се надевајте засега.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by