СЛЕДУВА СУВ И ГОЛЕМ СТУД – ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ СЕ СПУШТААТ И ПОД -15 СТЕПЕНИ, ПОГЛЕДНЕТЕ КАДЕ!

објавено на:

05 Фев 2023

од:

сподели:

Под влијание на ПОЛАРНА воздушна маса која се спушта од север, во текот на седмицата која што ни претстои ќе имаме МНОГУ СТУДЕНО и суво време (сув студ). Ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а само денес локално ќе провејува и снег.

Особено денес и утре ќе дува ЗАСИЛЕН, повремено и СИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец (повремено со брзина од над 80 км/час).

Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат и до околу -10 степени, понекаде и до околу -15 степени, додека на високите планински места на северозапад дури до околу -20 степени.

Во Скопје исто така ќе имаме променливо облачно време со засилен ветер од северен правец. Ќе биде и доста студено со минимални температури до околу -5 степени. Ниски ќе бидат и максималните дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 0 и 2 степени.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.