Следува развој на грмотевични облаци, локална појава на пороен дожд и грмежи!
Од денес (понеделник 9 јуни, па се до среда 11 јуни) повремено ќе дува засилен ветер од северен правец и истиот ќе услови пад на температурите за 3 до 5 степени, па така максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот 25 до 33 степени.
Сепак, атмосферата повторно нема да биде стабилна, па така во попладневните часови очекувам локален развој на грмотевични конвективни облаци од кои ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и локална појава на краткотрајно невреме со појава на град.
И во делови од Скопската котлина ќе има услови за нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура ќе се искачува до околу 32/33 степени.
На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од појава на невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by