СЛЕДУВА ПОНАТАМОШНО СПУШТАЊЕ НА СТУДЕНИОТ БРАН ОД АРКТИКОТ: Вечерва снег и во градовите!
Во текот на денешната вечер, и ноќта кон утрешниот ден врнежи од снег со слаб до умерен интензитет ќе има на повеќе места низ Македонија, па така понекаде и во градовите се очекува формирање на мала снежна покривка.
На планините и на Скијачките центри очекуваме формирање на позначителна снежна покривка (до утре наутро и до 20 сантиметри, понекаде и повеќе).
Од утре ни следува сув студ, а температурите наутро понекаде ќе се спуштат и до -10 степени. Преку ден останува многу студено со температури кој на повеќе места ќе се задржат околу или малку над нулата. Понекаде тие ќе останат и под нулата.
Во Скопје исто така очекуваме провејување на снег, особено во повисоките предели од котлината и на околните планини.
Сето ова ќе биде проследено и со северен ветер кој повремено ќе биде засилен на интензитет.
- Пред нас е значително постуден период и вистинска зима, а уште поголемо заладување очекуваме од сабота.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Територијата на Македонија во изминатите 24 часа до 8 часот утрово 22 април 2026 среда се наоѓаше под влијание на ладен атмосферски фронт кој се спушта од север и истиот услови над нашиот дел од Европскиот Континент да се формираат големи влажни воздушни кои насекаде условија да имаме врнежи од дожд повремено обилни особено и најобилни врнежите беа во [...]

by