Следува понатамошно спуштање на студен воздух од север – Снежната граница ќе се спушти под 1000 метри!
Под влијание на влажен воздушен бран од југозапад, од следните часови во Македонија ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен, повремено и со умерен интензитет. На планините со надморска височина од 1400 – 1500 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег.
Поради понатамошно спуштање на студена воздушна маса од север, во четврток во попладневните и во вечерните часови особено во западните и во северозападните предели, врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на местата од под 1000 метри, со што врнежи од снег ќе има особено на повисоките населени места, а слабо провејување на снег локално можно е и во градовите.
Во четврток попладне и навечер ќе дува засилен ветер од северен правец, најизразен Долж Повардарието.
Во Скопје исто така ќе има повремени врнежи од дожд, а особено во четврток попладне и навечер на околните планини ќе провејува снег. Можно е слабо провејување на снег и во повисоките предели од котлината, а ќе дува и засилен ветер од северен правец.
Со овој бран на врнежи, на планините и на Скијачките центри ќе дојде до формирање на нова снежна покривка (понекаде за околу, па и повеќе од 10 сантиметри снег). Помала снежна покривка можно е да се формира и на повисоките населени места во западните и во северозападните предели од државава.
Во петок, како и за време на викендот ќе имаме стабилно и суво време со повеќе сонце, што значи ќе одмориме од ова многу променливо време.
Од четврток наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, и тие ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 1 степен, а релативно студено време ќе имаме и преку ден со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот само од 3 до 10 степени.
Исто така и во земјите од регионот во следните часови очекуваме снег и формирање на снежна покривка и на помала надморска височина, а на планинските места, особено во Босна ќе дојде до формирање на поголема снежна покривка (од 10 до 20 сантиметри снег).
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во Македонија попладнево имаме изразена температура инверзија, односно котлините се под густа магла и ниска облачност, каде е многу ладно со минусни температури, додека на планините и на Скијачките центри може да се каже дека е пролет каде има и многу сонце со температури до околу, па дури и над 10 степени. На картата од Neverin.hr може да се [...]