Следува период на натпросечно топло и суво време – По котлините магливо и постудено!

објавено на:

24 Дек 2023

од:

сподели:

Во следните пето до шест денови под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) времето во Македонија ќе биде стабилно, суво, сончево и натпросечно топло, особено на повисоките места и на планините. По котлините ќе има појава на магла, и таа понекаде ќе се задржи во најголем дел од денот, па така и температурите во овие места ќе останат пониски.

Температурите во следниот пеиод ќе бидат повисоки дури за 8 до 10 степени од нормалните за овој период од годината. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот 8 до 15 степени,  а наутро тие на повеќе места ќе се спуштаат до околу нулата, освен само на некои места каде ќе се спуштаат само за неколку степени под нулата.

Во Скопје  и околината во следните денови ќе се создават услови за појава на магла и на ниска облачност. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓи -1 и 0 а максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот помеѓу 8 и 10 степени.

Според последните анализи со кој располагаме, за време на новогодишната ноќ и оваа година нема да имаме снежна идила и нови снежни врнежи, што значи дека вистинската зима ја очекуваме по нова година.

  • На сите граѓани од Католичка вероисповест им посакуваме среќен Бадников ден и среќен Божиќ, каде  и да се, со кого и да се прекрасно да си поминат  и вечно да си го слават овој голем празник!

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости

  • 17 Апр 2025

    Денешниот ден (четврток 17 април) повторно во нашата Македонија помина во знакот на многу мачнен и спарен ден, со присуство на Сахарска прашина  и песок во воздухот. Сепак, денес беше  и значително потопло за разлика од изминатите денови, па така, до 17 часот попладнево во Струмица е измерена максимална температура од 27 степени. На табелата можете да ги погледнете  [...]