СЛЕДУВА НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ СО ПОРОЕН ДОЖД, ГРМЕЖИ И СИЛЕН ВЕТЕР – ОД СРЕДА ПОСТУДЕНО А НА ПЛАНИНИТЕ ЌЕ ИМА И СНЕГ!
Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса од запад и од северозапад, до среда времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (овие процеси локално ќе бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со СИЛЕН ветер и услови за појава на суградица и на град).
Од среда ќе започне да дува ЗАСИЛЕН ветер од северен правец со што од север ќе пристигне посвеж воздух, па така во среда во западните и во северозападните највисоки планински предели ќе има повремени врнежи од СНЕГ.
Од четврток времето ќе биде постабилно и посончево, но наутро температурите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОНИСКИ и локално ќе се спуштаат и до околу 0 степени, со што има услови за појава на слаб мраз. Максималните дневни температури исто така ќе бидат под просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.
За време на викендот, повторно ќе има ПОРАСТ на максималните дневни температури на воздухот и тие ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.
Во Скопје и околината до среда времето ќе биде променливо и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, засилен ветер а има услови и за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 17 и 20 степени.
За време на оваа влажна и нестабилна воздушна маса, локално ќе наврне ПОЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 20 л/м2).
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Топлата воздушна маса која условува Мини Лето во Македонија продолжи и во текот на денешниот ден. Најтопло до 17 часот попладнево беше во Гевгелија каде се измерени 28 степени. Во продолжение на табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени по градови и места во Македонија до 17 часот попладнево, и тоа на мерните станици на УХМР.