Следува натпросечно топло време, снегот на планините забрзано ќе се топи, а котлините ќе бидат многу поладни и со густа магла!
Од крајот на оваа работна седмица, па за време на викендот, како и во почетокот на следната седмица во Македонија продолжува променливо облачно време со сончеви периоди, тивко и со појава на густа магла по котлините.
Појава на густа магла во следните денови ќе продолжи да има и во Скопската котлина.
Во местата со магла температурите ќе бидат многу пониски како наутро, кога ќе се спуштаат и под нулата, па така и преку ден. Додека на другите места, особено на повисоките, планинските места и Скијачките центри температурите ќе бележат тенденција на голем пораст со што се очекува забрзано топење на снежната покривка.
Преку денот во следниот период насекаде температурите ќе надминуваат 10 степени, а во југоисточните предели тие се очекува да се искачат и до 17 степени. Но како што напоменав, значително поладно ќе биде во котлините со густа магла и ниска облачност.
И во Скопската котлина температурата преку ден во следниот период ќе остане пониска и претежно под 10 степени.
Се на се, температурната инверзија ќе ја имаме и во следниот период од годината, па така, котлините ќе бидат значително поладни од повисоките месата, планините и Скијачките центри.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во Македонија имаме ладно време со температури кои во најголем дел се под нулата и има појава на слана и на мраз. Времето е претежно ведро со мала локална облачност а дува и слаб до умерен ветер претежно од источен правец. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени вечерва до 21 часот во Македонија.


by