СЛЕДУВА МНОГУ ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ: За време на викендот, во регионот ќе падне еден од најголемиот снег за оваа година
Студениот бран што ја зафати речиси цела Европа, вклучувајќи го и Балканскиот Полуостров ќе се задржи и во следниот период. Во регионот за време на викендот, и тоа особено на планините се очекува да падне и еден од најголемиот снег за оваа година, и тоа во Босна и Херцеговина. Во оваа земја снег ќе има и на пониските места (градовите).
Погледнете што прогнозираат метеоролозите од Босна
Инаку кај нас во Македонија нови обилни врнежи од дожд на повеќе места ќе има особено во недела, додека на планините и тоа особено во западните предели врнежите ќе бидат од снег, со што ќе се формира и снежна покривка. Детална анализа околу ова ќе имаме во текот на утрешниот ден, кога се ќе биде многу појасно.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По екстремно високите летни температури, делови од австриските Алпи повторно се покриени со снег. Во планинските региони се регистрирани обилни снежни врнежи, при што на повисоките места падна од 30 до 80 сантиметри свеж снег. Најмногу снег падна во Зилерталските Алпи, како и во групите Глокнер и Венедиџер, на надморска височина околу 2800 метри. Во комбинација со силните северни [...]