Следува краткотрајна промена на времето – Потоа од понеделник до среда суво, нови врнежи од дожд и снег од четврток!
Денот недела во Македонија ни носи краткотрајна промена на времето, кога во попладневните и во вечерните часови во западните предели ќе има појава на локален дожд, а на планинските места и на Скијачките центри тие ќе бидат од снег. Врнежите ќе бидат претежно со слаб, или со слаб до умерен интензитет.
Потоа од понеделник до среда ќе имаме претежно стабилно и суво време. Односно времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и малку потопло преку ден со максимални дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени. Наутро пак тие и понатаму на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, и во интервалот од -4 до 1 степен.
Нов влажен воздушен бран од запад и од северозапад територијата на Македонија ќе ја зафати во четврток попладне и навечер и истиот ќе услови поинтензивни врнежи од дожд, како и поинтензивни врнежи од снег на планините и на Скијачките центри.
Во Скопје и околината времето ќе биде слично како и во останатите предели од Македонија.
За многу повеќе детали за времето во регионот, заследете ја фејсбук страницата на мојот одличен пријател Господин Дино Дундиќ –Pogled na klimu i njene promjene by Dino Dundic
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија беше исклучително ладно, па така до 7 часот утринава најладно беше во Берово со измерени -9 степени, а највисока минимална температура во исто време беше измерено во Охрид, и тоа 1 степен над нулата и тоа поради облачноста која се задржа во овој дел од Македонија. Во продолжение на табелата можете да ги погледнете и [...]