СЛЕДУВА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА АТМОСФЕРАТА ВО МАКЕДОНИЈА: Новата седмица ни носи врнежи, грмежи и пад на температурите
Почитувани мои, како што и претходно кажав и најавив во моите метео анализи, од утре (понеделник) па во деновите потоа, полека територијата на нашата Македонија ќе потпаѓа под влијание на висински циклон кој ќе биде со центар јужно и југоисточно од нас, односно некаде над Грција и Турција. Во ваква ситуација во попладневните часови атмосферата полека ќе се дестабилизира и ќе има развој на локални грмотевични облаци кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Од утре (понеделник) до среда условите за нестабилност нема да бидат премногу големи, што значи процесите ќе бидат локални, додека многу поголеми услови за нестабилност во попладневните часови ќе имаме од четврток па натака кога на повеќе места во Македонија ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Не се исклучува можноста и за појава на локално краткотрајно невреме, проследено со силен ветер и со појава на град.
Што се однесува до температурите, тие за време на овој период секој нареден ден ќе бележат тенденција на постепен пад, а особено пад на истите ќе има во втората половина од седмицата кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени. Наутро пак ќе биде поприлично свежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 20 степени.
На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС”, и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by