Следните десетина денови без дожд – “Мини лето” Идеално за правење на зимница!
Под влијание на стабилна и сува воздушна маса, во следните десeтина денови времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Најпрвин ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а потоа ветерот ќе ја намали својата брзина, и ќе биде од променлив правец.
Пред нас е доста долг период на сушно време и на “Мини лето”, но со свежи ноќи и утра кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 15 степени, а во почетокот од следната седмица утрата ќе бидат уште посвежи и температурите тогаш ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 12 степени.
Сепак преку денот максималните дневни температури ќе бидат пријатни и околу просекот за овој период од годината, и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени.
Во Скопје и околината ќе имаме долг период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Најпрвин ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, а потоа ветерот ќе ја намали својата брзина. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 9 и 12 степени, а максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 25 и 27 степени.
Ова прекрасно време максимално искористете го за уживање, или пак за правње на зимница.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]