Следната седмица вистинска есен доаѓа во Македонија – Врнежи, грмежи, силен северен ветер и осетно заладување!

Под влијание на влажен и значително постуден воздух од север, од утрешната ноќ, а особено во понеделник времето во Македонија ќе биде претежно облачно и многу посвежо со пад на температурите дури за околу 10 степени во споредба со сегашните. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд, но ќе дува и засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Локално пак ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи, и исто така со засилен северен ветер.

Потоа од вторник следува период на променливо облaчно и свежо време, особено наутро, а ќе има и појава на сончеви периоди. Ќе дува северен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет, а ќе има услови за слаб локален дожд.

Во Скопје и околината исто така особено во понеделник ќе има појава на повремен дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Температурата осетно ќе се намали.

Максималните дневни температури во понеделник ќе се искачуваат во интервалот само од 15 до 23. Утрата во текот на следната седмица ќе бидат особено свежи со минимални температури кој понекаде ќе е спуштаат и под 10 степени, со што ве советуваме доколку излегувате рано наутро, со вас задолжително да си понесете потопла облека.

Есента и студеното време полека ни доаѓааат. Со слични анализи излегоа и нашите колеги (балканските метеоролози). Тие најавуваат се постудено време и надоаѓање на вистинската есен. Од друга страна пак, западна и северозападна европа се на удар на нов топол бран и многу високи температури на воздухот, но тие нема да стигнат кај нас.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости