Следната седмица не очекува многу ладен бран кој доаѓа од исток и североисток, сепак, ќе имаме претежно сув студ и со засилен северен ветер!
Почнувајќи од понеделник 3 февруари, па во текот на целата наредна седмица и тоа според најновите вечерашни ажурирања на прогностичките материјали, ни следува многу ладен период, односно територијата на нашата Република Македонија ќе биде зафатена од многу ладен бран од истокот и од североистокот на Европа.
Сепак, се работи за претежно сув студ, со услови за сосема слабо провејување на снег, и тоа од локален карактер околу 6/7 февруари.
Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец.
Денес (петок 31 јануари) следува и анализа околу тоа колку ќе изнесуваат температурите за време на овој нов многу ладен период, и колку во минус ќе одат истите.
Инаку денес и утре (31 јануари и 1 февруари) уживајте во многу посончевото време, а ќе биде и натпросечно топло со температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени, а во југоисточните предели тие можно е да се искачат и до околу 20 степени. Во Скопје температурата ќе се искачу до околу 16 степени.
Пред надоаѓање на ладниот бран, во недела на 2 февруари ќе има поголема облачност кај нас и ќе има појава на повремен локален дожд, а на високите планини (над 1700/1800 метри надморска височина) ќе има послаби врнежи од дожд и од снег, или влажен снег.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Климатскиот феномен Ла Ниња под кое влијание сме во моментов, во следните месеци, односно во летните и есенските месеци повторно ќе добие на интензитет, односно ќе се интензивира. Што значи тое? Тоа значи дека во следните летни и есенски месеци ни следуваат нови нагли и големи метеоролошки промени, исто така, очекуваме и се по екстремни метеоролошки појави и временски [...]
Балкан / Занимливости / Македонија / Прогноза