Силна бура ја очекува Европа во следните денови, кај нас во петок и сабота нов влажен и студен бран од север!
Во следните денови, односно до крајот на оваа недела големата разлика на воздушниот притисок (многу нискиот циклонален североисточно од нас, но и Азорскиот антициклон со многу висок воздушен притисок) ќе условат силни ветрови во голем дел од континентот чија брзина понекаде ќе достигнува дури и до, па и над 100 км/час.
Ветровито време во следните денови се очекува и во Македонија, повремено брзината на ветерот, особено на повисоките места и на планините ќе достигнува брзина до околу 60 км/час. На помала надморска височина ветерот ќе биде далеку послаб, што значи дека кај нас нема опасност од евентуални штети.
Сепак под влијание на нов влажен и студен воздушен бран од север, во петок и во сабота очекуваме нови врнежи од дожд и снег. Сепак детална анализа околу ова ќе објавиме наскоро.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
По екстремно високите летни температури, делови од австриските Алпи повторно се покриени со снег. Во планинските региони се регистрирани обилни снежни врнежи, при што на повисоките места падна од 30 до 80 сантиметри свеж снег. Најмногу снег падна во Зилерталските Алпи, како и во групите Глокнер и Венедиџер, на надморска височина околу 2800 метри. Во комбинација со силните северни [...]