Силен северен ветер ни носи нов продор на многу ладен воздух од север
На ден 30 Декември (Вторник) како и во текот на ноќта кон среда 31 Декември во Македонија повторно ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час. Ќе има и локално зголемување на облачноста за време на овој период и локално ќе провејува слаб снег.
И во Скопје и околината за време на овој период ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец кој во делови од котлината повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час.
Сето ова ќе придонесе за дополнителен продор на многу ладен воздух од север во Македонија.
Малку повисоки температури преку ден и тоа на кратко ќе имаме утре (вторник 30 декември) кога тие ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени, меѓутоа попладнето и вечерта повторно нагло ќе залади.
Во среда наутро температурите насекаде ќе бидат под нулата и тие ќе се спуштаат во интервалот од -11 до -3 степени а на повисоките населени и планинските места температурите може да се спуштат и уште пониско. Максималните дневни температури пак во среда на 31 декември ќе бидат многу ниски и ќе се искачуваат во интервалот од -4 до 4 степени. Во Скопје и околината температурата во среда наутро ќе се спушти до околу -4/-5 степени а преку денот на 31 декември таа ќе се искачи до околу 1 степен.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by