СИЛЕН АЗОРСКИ АНТИЦИКЛОН ЌЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА: Ќе се формира магла по котлините!
По најновиот снежен бран кој ја зафати Македонија, и направи многу проблеми, од денес до четврток силен Азорски антициклон ќе ја зафати нашата територија.
Времето ќе биде стабилно, суво и со повеќе сонце, особено на повисоките места и на планините, додека по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и на ниска облачност, и истата локално се очекува да биде густа. НАПОМЕНА: Маглата и ниската облачност понекаде во котлините ќе се задржи и преку ден, со што и температурите на воздухот ќе останат ниски.
Во Скопје и околината исто така ќе имаме стабилно и суво време, но во котлината ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност, кои би можеле да се задржат и преку целиот ден, со што и температурата ќе остане пониска.
Токму поради ова и поради можната намалена видливост, на возачите им препорачуваме да бидат крајно претпазливи.
Што се однесува до температурите, тие наутро речиси насекаде остануваат под нулата, а маскималните дневни температури ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени.
Барем според моменталните анализи со кој располагаме, нов бран на врнежи од дожд и снег се очекува од петок.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Снежниот бран во Македонија ќе продолжи и во текот на претстојната ноќ, како и утре (понеделник). Но, до 16 часот од градовите највисока снежна покривка има во Штип, и тоа 30 сантиметри, додека од Скијачките центри скоро 70 сантиметри снег има на Попова Шапка. Температурите денес речиси насекаде се задржаа под нулата, а на планинските и Скијачките центри максималните [...]