Сибирски студ: Утрово над 20 cм снег и измерени -12 степени кај нас!

Утринава (понеделник 7 април) имаме постепено разведрување на времето, дува северен ветер кој повремено засилува, а  и е невообичаено ладно за овој период од годината, со појава на мраз во најголем дел од нашата Република Македонија.

На табелата можете да ги погледнете денешните измерени минимални температури на воздухот, како и висината на снежната покривка утринава во нашата Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР. Снежна покривка, и тоа позначителна се бележи во западните предели од Македонија, како што и најавив во мојата анализа.







Занимливости