СЕЗОНСКА МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА ОВАА ПРОЛЕТ: Таа ќе биде топла, но повремено со временски непогоди

објавено на:

27 Мар 2024

од:

сподели:

Во текот на оваа пролет големи се условите за позитивно отстапување на температурите во нашиот дел од Европскиот Континент, односно условите за позитивно отстапување на температурите на 2 метри висина се дури за повеќе од  70% за остварување.

Оваа пролет ќе имаме многу топли денови, често ќе имаме и натпросечно високи температури како што погоре напоменавме и ќе бидеме под влијание на јужните топли струења.

Што се однесува до врнежите, тие ќе бидат околу, или над просекот. Тоа значи дека како ќе се загрева Атмосферата со топлото време и со се повисоките температури на воздухот, така ќе се создаваат се поголеми услови за формирање на нестабилни Атмосферски процеси, односно грмотевични облаци.

Оваа пролет повремено очекуваме и појава на временски непогоди со појава на град и силен ветер.

НАПОМЕНУВАМЕ: Поради тоа што се работи за долгорочна и сезонска анализа на времето за период од 3 месеци, секако дека се можни отстапувања или промени во временската состојба. Затоа нашите граѓани најдобро е редовно да ги следат нашите краткорочни анализи на времето кои секојдневно ги објавуваме преку МетеоАларм, и истите се со можност за остварување за повеќе од 90%.

 

 

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.