СЕЗОНСКА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО ЗА ПРЕТСТОЈНАТА ЕСЕН: Очекуваме натпросечно високи температури!

објавено на:

06 Сеп 2023

од:

сподели:

Најновите излези на нумеричките модели за претстојната есен за Македонија укажуваат на тоа дека ќе имаме натпросечно топло време со релативно високи температури на воздухот, но со просечно количество на врнежи, што значи врнежите ќе бидат во нормалата.

Особено октомври месец ќе ни донесе потопли денови, но релативно топло време со натпросечно високи температури на воздухот ќе имаме во поголемиот дел од овој месец, иако веќе започна климатолошката есен. Поголемо заладување на времето се очекува во ноември месец, кога растат и условите за појава на снег.

Да напоменеме дека иако се очекува релативно топла есен, повремено не се исклучува можноста и за поголемо освежување на времето со потрпосечни температури на воздухот, но и повеќе врнежи.

Првичните анализи за зимата која што ни доаѓа покажуваат дека таа ќе биде со многу повеќе снег и многу повлажна за разлика од изминатите години, но и со чести студени Арктички продори.

Температурите особено во најтоплите централни и југоисточни предели во наредниот период, особено од петок па натаму ќе надминуваат 30 степени, додека во останатите предели тие ќе бидат над 25 степени. Сепак утрата ќе бидат свежи, па така особено во Малешевијата температурата се очекува да се спушти и под 10 степени, додека во останатите предели таа ќе се спушта во интервалот од 10 до 17 степени.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.