Североисточна и источна европа се подготвуваат за првиот студен бран и за првиот снег!
Источно и североисточно од нашите краишта поларниот вртлог кој ќе се спушти особено утре и во понеделник локално ќе го донесе и првиот снег и на некои пониски места. Температурите драстично ќе се намалат, понекаде се очекува и мраз. Температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината.
Од друга страна, кај нас во регионот, но и во Македонија не се очекува некоја поголема промена на времето, освен краткотрајно силен северен ветер и пад на температурите за неколку степени, по што продолжува така нареченото “Мини лето”. Сепак наутро останува студено.
Според последните направени анализи, големото заладување кај нас, како и првиот снег на планините во втората половина од овој месец се укинува, што значи дека судејќи според најновите прогнози во поголем дел одо вој месец ќе уживаме во Мини летото, со што ќе заштедеме и на греење.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во нашата Република Македонија имаме многу ладно и променливо облачно време, а полека започнува да дува и засилен ветер од северен правец. Поради понатамошно спуштање на многу ладен воздух од североисток, поточно од Русија, температурите понатаму ќе продолжат дополнително да опаѓаат. На табелата можете да ги погледнете температурите низ Македонија измерени вечерва до 19 часот по градови и [...]