Сеуште е многу топло, но екстремно топлиот бран слабее!
Територијата на нашата Република Македонија сеуште се наоѓа под влијание на екстремно топлиот бран од југ, односно од Африка, но полека истиот се повлекува и го намалува својот интензитет, што значи дека во следните часови од север ќе започне да се спушта значително посвеж воздух кој значително ќе ги спушти температурите на воздухот.

На табелата можете да ги видите температурите измерени по градови и места во нашата Македонија до 14 часот попладнево, и тоа на мерните станици на УХМР. Може да се види дека најтопло до 14 часот беше во Куманово и во Велес со измерени 39 степени. Сепак, за разлика од вчерашниот ден, денес имаме пониски температури на воздухот, но и значително повеќе ветер од западен и од југозападен правец.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Под влијание на циклонска активност со центар југоисточно од нас, во деновите петок, сабота и недела (22/23/24 Мај 2026) во Македонија повторно очекувам поголема дестабилизација на атмосферата. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно на повеќе места со појава на пороен дожд, грмежи и со засилен ветер од северен и од североисточен правец. Локално атмосферските процеси [...]


by