СЕРИЈА НА ВЛАЖНИ ВОЗДУШНИ БРАНОВИ ОД ЗАПАД КОИ ЌЕ ДОНЕСАТ МНОГУ ДОЖД И СИЛЕН ЈУЖЕН ВЕТЕР!

Следува период на МНОГУ променливо време. Поточно овие денови нашата територија ќе биде под влијание на серија на влажни воздуш и бранови од запад кој ќе условуваат повремени врнежи од дожд и истите локално и повремено ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ.

Локално ќе наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 30 л/м2). Локално и тоа особено во недела ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Овие денови ќе дува и умерен, повременo и засилен до СИЛЕН ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 65 км/час).

Наутро температурите насекаде ќе бидат над нулата, додека максималните дневни и понатаму ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени, додека во петок и во сабота во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат и до околу 20 степени.

Во Скопје и околината исто така овие денови ќе има повремени врнежи од дожд и истите повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 16 и 18 степени.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!