Септемвриско лето во Македонија: Температури до 35 степени!
Под влијание на стабилна, сува и на топла воздушна маса од југ, односно од Африка, за време на викендов времето во нашата Македонија ќе биде сончево и топло со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец и истиот повремено и локално ќе засилува на интензитет особено во северните предели.
Во Скопје и околината исто така времето викендов ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите тие ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени. Во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи до околу 32 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by