СЕ ПРИБЛИЖУВА СНЕЖНОТО НЕВРЕМЕ НА БАЛКАНОТ – ДОКОЛКУ ПЛАНИРАТЕ ДА ПАТУВАТЕ ОДЛОЖЕТЕ! ОВИЕ СЕ ДЕТАЛИТЕ…

објавено на:

24 Фев 2023

од:

сподели:

Под влијание на циклонска активност со центар над Џеновскиот залив и на влажни воздушни бранови од овој викенд, а особено од недела доцна попладне и навечер, како и во поголем дел од следната седмица во Македонија ќе има повремени врнежи од дожд и иститите повремено ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ (локално над 30 л/м2 воден талог). Снег ќе врне само на највисоките планини.

Во текот на ноќта недела кон понеделник локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и ЗАСИЛЕН ветер од јужен правец.

Од утре ќе дува ЗАСИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец (локално со брзина од над 60 км/час). Температурите остануваат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 19 степени, додека во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат и над 20 степени.

Во Скопје се очекува слично време со засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Инаку регионот исто така од овој викенд, особено во недела ќе биде зафатен од СНЕЖНО НЕВРЕМЕ и тоа (планинските предели на Словенија, поголем дел од Хрватска и Босна и Херцеговина како и Србија). Понекаде во градовите низ овие споменети Балкански земји се очекува дури до околу 50 цм снег. На планинските места, особено во Горски Котар (Хрватска) дури до близу 100 цм снег (еден метар).

Долж Јадранот можни се и локални поплавувања, како и НЕВРЕМЕ. Сето ова ќе биде проследено со СИЛЕН ветер од североисточен правец (долж Јадранот СИЛНА БУРА). Температурите драстично ќе се намалат.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доколку нашите граѓани за време на викендот (особено во недела) планираат да патуваат во горе наведените Балкански земји да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ, или да го одложат своето патување.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.