СЕ ПРИБЛИЖУВА НЕВРЕМЕ КОН МАКЕДОНИЈА: АЛАТКАТА НОТАС НИ ПРОГНОЗИРА НИВО 3 – ЗАСИЛЕН РИЗИК ОД ПОЈАВА НА ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ

Алатката НОТАС за рано предупредување од невреме, за до крајот на денешниот ден прогнозира ниво 3 во Македонија, а тоа значи зголемен ризик од појава на невреме на повеќе места.

Невремето ќе биде проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на град кој локално би можел да биде  и покрупен.

Особено нестабилно се очекува да биде Јужно и југоисточно од Скопје, во Малешевијата, Пелагониско, и Охридско- Струшкиот регион.

Нестабилноста ќе продолжи и во текот на вечерните  и ноќните часови кон утрешниот ден.

Во случај на појава на електрични празнења, апелираме да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.








Занимливости

  • 10 Јул 2025

    По екстремно високите летни температури, делови од австриските Алпи повторно се покриени со снег. Во планинските региони се регистрирани обилни снежни врнежи, при што на повисоките места падна од 30 до 80 сантиметри свеж снег. Најмногу снег падна во Зилерталските Алпи, како и во групите Глокнер и Венедиџер, на надморска височина околу 2800 метри. Во комбинација со силните северни [...]