СЕ ОЧЕКУВА ПОЈАВА НА МРАЗ – ПОГЛЕДНЕТЕ КОГА ПОВТОРНО ОЧЕКУВАМЕ НОВИ ВРНЕЖИ…
Следува ДОПОЛНИТЕЛНО РАЗВЕДРУВАЊЕ на времето во Македонија, па затоа утре наутро и температурите речиси насекаде ќе се спуштат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 1 степен во најтоплите југоисточни предели од државава (Утре изутрина се очекува појава на слаб до умерен мраз).
Максималните температури пак во следните неколку денови ќе бидат ПОВИСОКИ за разлика од денес и речиси насекаде ќе се искачуваат над 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачи до близу 20 степени.
До вторник времето ќе биде стабилно со МНОГУ ПОВЕЌЕ сонце. Нов бран на врнежи од запад ќе има во среда, додека во четврток ќе дува ЗАСИЛЕН ветер од северен правец и температурите повторно ќе опаднат.
Во Скопје се очекува слично време со појава на слаб до умерен мраз наутро. Преку ден температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 12 и 15 степени. Нови врнежи од дожд ќе има во среда, а во четврток следува нов пад на температурите и ЗАСИЛЕН северен ветер.
Се на се пред нас е МНОГУ ПРОМЕНЛИВО време, па затоа метеопатите во следниот период ќе имаат ЗНАЧИТЕЛНИ здравствени проблеми (се советуваат да се обратат кај својот матичен лекар за совет).
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Територијата на Македонија во изминатите 24 часа до 8 часот утрово 22 април 2026 среда се наоѓаше под влијание на ладен атмосферски фронт кој се спушта од север и истиот услови над нашиот дел од Европскиот Континент да се формираат големи влажни воздушни кои насекаде условија да имаме врнежи од дожд повремено обилни особено и најобилни врнежите беа во [...]

by